Денес сончево со слаб северен ветер и температура до 29 степени

Времето во земјава денес ќе биде сончево, во текот на денот релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти меѓу минус 1 и 6, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината ќе биде сончево и релативно топло. Утринската температура ќе достигне до 4, а дневната до 26 степени.
До вторник ќе се задржи сончево време. Промена на временската состојба ќе има од среда кога дневната температура позначително ќе опадне, облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.