Денес сончево со слаб југоисточен ветер

Времето денес ќе биде сончево, особено на север. На југ се очекува облачно претпладне. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер, а дневната температура ќе се движи од 16 до 21 степен, соопштуваат синоптичарите.
Во Скопско попладне ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер, а температурата ќе се искажи до 18-от степен.
Утринава имаше магла во Скопско, Тетовско и Струмичко. Во останатите делови од земајава имаше мала до умерена облачност и понекаде дуваше и слаб ветер од променлив правец.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со појава на утринска магла во одредени котлини. До средината на неделата температурите на одредени места во земајва ќе надминат 20 степени. Од среда ќе започне да дува северен ветер кој ќе предизвика постепен пад на дневните температури, соопштуваат од УХМР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.