Денес сончево со слаб југоисточен ветер

Времето денес во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла. Утринската температура ќе се движи од минус 3 до плус 4 степени, а дневната од 16 до 24 степени.
И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 3 степени, а дневната до 21 степени.
Периодот на стабилно и суво време продолжува, освен во четврток, кога во западните делови на земјава ќе има локален слаб дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.