Денес сончево со температура до 22 степени

Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 14 до 22 Целзиусови степени. И во Скопје слично време – сончево со умерен северен ветер и максимална дневна температура од 21 степен. Во Маврово и Битола дневната температура ќе достигне до 19 степени, Охрид 18, Кавадарци 21, Крива Паланка 17, Берово 16, Гевгелија 22.
До понеделник ќе се задржи стабилно и топло време, а во вторник ќе настапи промена. Ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови опаѓање на температурите. На планините се очекуваат повремени врнежи од снег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.