Денес сончево со температура околу 4 степени

Денес времето во целата земја ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат од -3 степени во Маврово, 0 во Битола, 2 во Берово, во Скопје, Охрид и Крива Паланка темпераурата ќе достигне до 3 Целзиусови степени, Кавадарци 4, а најтопло ќе биде во Дојран со 8 степени.
И утре времето ќе биде слично на денешното – сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со услови за слаба магла.
Дневните температури ќе се движат од 0 во Маврово, 3 во Скопје, 6 во Охрид до 10 степени во Гевгелија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.