Денес сончево со умерена облачност и температура до 26 степени

Времето во државава денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 13, а дневната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе изнесува околу 7, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.