Денес сончево со умерена облачност, од утре снег

Времето во Македонија денес ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 3 Целзиусови степени, Маврово -3, Охрид 3, Крива Паланка 2, Кавадарци 5, Прилеп 2, Берово 1, Дојран 7 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од -4 во Маврово, 3 во Скопје и Охрид до 9 степени во Дојран.
Прогнозата за четврток и петок е студено време со врнежи од снег и засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од -6 до 1 степен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.