Времето во земјава денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 35 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе достигне околу 17, а дневната до 33 степени.