Денес сончево со умерен северен ветер

Времето во земјава денес ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се движи помеѓу 9 и 18 степени, а дневната ќе биде во интервал од 21 до 31 степени Целзиусови. УВ индексот ќе биде 8.
И во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност и умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со пораст на температурите. Нестабилност со локален пороен дожд и грмежи се очекуваат во петок и сабота во попладневните часови.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.