Денес умерено облачно со северен ветер и локален дожд

Во Македонија денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од претпладне ќе дува умерен северен ветер кој на север, долж Повардарието и на повисоките места ќе се засилува. Во западните делови попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Утринската температура ќе се движи помеѓу 13 и 21, а дневната од 26 до 34 степени Целзиусови. УВ-индексот ќе изнесува 8.
И во Скопје и околината, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен претежно северен ветер. Утринската температура ќе изнесува 20, а дневната 31 степен.
Во четврток и петок ќе биде стабилно и се потопло, а за време на викендот ќе биде топло и ќе има попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.