РАЗГОВОРИ СО АКАДЕМИК БЛАЖЕ РИСТОВСКИ
„Јас дојдов дома, му се јавив на Лепавцов, му викам вака и вака, Киро не ја прифаќа твојата кандидатура, меѓутоа мене ми дава мандат да формирам влада. Јас сакам да те прашам, дали ти би бил согласен да учествуваш во таа влада? За големо изненадување мое тој вели да, ќе учествувам како Министер за сообраќај и врски итн., има поголемо име тоа министерство. Меѓутоа јас цела ноќ не преспав. Утрето му отидов на Киро (Глигоров м.з), и му викам, Киро, не може вака, сепак, мислам дека треба да биде економист на чело на Владата. Наместо Кљусев да ми биде потпретседател, јас ќе му бидам потпретседател, а тој нека ја формира Владата. Заедно ќе ја формираме Владата со Кљусев. И така би.
. . .
„…Го предложив Денко Малески, сметајќи дека тој е син на татко со кого бевме блиски, и за кого знаев дека е човек кој не може да мисли поинаку. Му кажавме на Денко да биде потпретседател (на Владата м.з). Тој се согласи. Ама утрето сабајле се јавува, се премислил и рекол: Не, рече, ако може Министер за надворешни работи, добро, ако не, не прифаќам потпретседател! Кљусев ми вика, што правиме сега? Ај, биди ти потпретседател и министер за надворешни работи. Му викам, Кљусев, тоа е преголем товар за тие два ресора да ги водам. Уште повеќе, јас мислам дека Денко Малески, со доброто владеење на англискиот јазик, оти јас не го владејам многу добро за да можам да контактирам со светот на едно достојно ниво, подобро ќе биде Денко да го вклучиме за Министер за надворешни работи. И така и би.
ДЕНКО МАЛЕСКИ И ПРВАТА МАКЕДОНСКА ВЛАДА РАЗГОВОРИ СО АКАДЕМИК БЛАЖЕ РИСТОВСКИ„Јас дојдов дома, му се јавив на Лепавцов, му викам вака и вака, Киро не ја прифаќа твојата кандидатура, меѓутоа мене ми дава мандат да формирам влада. Јас сакам да те прашам, дали ти би бил согласен да учествуваш во таа влада? За големо изненадување мое тој вели да, ќе учествувам како Министер за сообраќај и врски итн., има поголемо име тоа министерство. Меѓутоа јас цела ноќ не преспав. Утрето му отидов на Киро (Глигоров м.з), и му викам, Киро, не може вака, сепак, мислам дека треба да биде економист на чело на Владата. Наместо Кљусев да ми биде потпретседател, јас ќе му бидам потпретседател, а тој нека ја формира Владата. Заедно ќе ја формираме Владата со Кљусев. И така би. . . .„…Го предложив Денко Малески, сметајќи дека тој е син на татко со кого бевме блиски, и за кого знаев дека е човек кој не може да мисли поинаку. Му кажавме на Денко да биде потпретседател (на Владата м.з). Тој се согласи. Ама утрето сабајле се јавува, се премислил и рекол: Не, рече, ако може Министер за надворешни работи, добро, ако не, не прифаќам потпретседател! Кљусев ми вика, што правиме сега? Ај, биди ти потпретседател и министер за надворешни работи. Му викам, Кљусев, тоа е преголем товар за тие два ресора да ги водам. Уште повеќе, јас мислам дека Денко Малески, со доброто владеење на англискиот јазик, оти јас не го владејам многу добро за да можам да контактирам со светот на едно достојно ниво, подобро ќе биде Денко да го вклучиме за Министер за надворешни работи. И така и би. За жал, подоцна се покажа дека тој не е согласен за осамостојување на Република Македонија. На два состанока на безбедносните совети тој даваше изјави, записнички констатирани, дека не е согласен со самостојност на Република Македонија. Јас му кажав на Кљусев, му кажав на Глигоров дека имаме проблем. Тој е Министер за надворешни работи, а е против самостојноста. А ние готвиме одделување од Југославија. На една средба со Денко во кабинетот на Кљусев, тука беа уште двајца други министри, разговаравме за тоа и Денко даде оставка, писмена. Киро Глигоров имаше посебен однос спрема Денко, и го советуваше Кљусев да не ја прифати. И Кљусев само ја смачка молбата за отказ, и не му даде отказ. Меѓутоа по разговорот во канцеларијата на Претседателот, тој на вратата уште еднаш јасно и гласно рече: САМОСТОЈНОСТ САМО БЕЗ МЕНЕ! И ја тресна вратата! И така имавме после доста несогласувања, отпори итн. Меѓутоа ние ја формиравме Владата и Владата беше прифатена од Парламентот. На таков начин на 20 март беше формирана првата експертска влада на Република Македонија.“***Фрагменти од мојот најнов публицистички проект – прилози кон современата македонска историја. Видео мемоарите со академик Блаже Ристовски направени се непосредно пред да почине.
Posted by Dime Ratajkoski on Tuesday, April 28, 2020
За жал, подоцна се покажа дека тој не е согласен за осамостојување на Република Македонија. На два состанока на безбедносните совети тој даваше изјави, записнички констатирани, дека не е согласен со самостојност на Република Македонија. Јас му кажав на Кљусев, му кажав на Глигоров дека имаме проблем. Тој е Министер за надворешни работи, а е против самостојноста. А ние готвиме одделување од Југославија. На една средба со Денко во кабинетот на Кљусев, тука беа уште двајца други министри, разговаравме за тоа и Денко даде оставка, писмена. Киро Глигоров имаше посебен однос спрема Денко, и го советуваше Кљусев да не ја прифати. И Кљусев само ја смачка молбата за отказ, и не му даде отказ. Меѓутоа по разговорот во канцеларијата на Претседателот, тој на вратата уште еднаш јасно и гласно рече: САМОСТОЈНОСТ САМО БЕЗ МЕНЕ! И ја тресна вратата!
И така имавме после доста несогласувања, отпори итн. Меѓутоа ние ја формиравме Владата и Владата беше прифатена од Парламентот. На таков начин на 20 март беше формирана првата експертска влада на Република Македонија.“
Фрагменти од мојот најнов публицистички проект – прилози кон современата македонска историја. Видео мемоарите со академик Блаже Ристовски направени се непосредно пред да почине.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.