Денот Д за ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски. Членството нервозно во очекување на став за референдумот

Иако „лидерот“ на партијата Христијан Мицковски уште на почетокот на август го најави 10 септември како ден кога ќе го објават својот став околу Референдумот, тоа сепак не се случи. Извршниот комитет денес ќе одржи седница, а е најавена и средба со новинарите на која ќе го соопштат долгоочекуваниот став. Дали тоа навистина и ќе се случи останува да видиме.

Дека во Партијата ВМРО-ДПМНЕ има разидување на ставовите не е тајна. Така на пример пратеникот Антонио Милошоски веќе одамна излезе со став дека ќе го бојкотира Референдумот, а реформаторот Петар Богојески дека ќе гласа, зошто и гласот “Против“ е глас за Македонија. Само првиот човек на најголемата опозициска партија, Мицковски кој велеше “Кој сум јас да му кажам на народот дали и како да гласа“ до денес не го соопшти својот став. Дали токму денес е тој ден – Д останува да видиме.
Според додегашното искуство кога станува збор за ставовите на Мицковски не е неочекувано тој да си го одложи и овој рок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.