Бараселона се согласила да го продаде Мемфис Депај на Атлетико Мадрид за сума од три милиони евра плус бонуси, што значи и дефинитивно пропаѓање на можноста за евентуална замена со Јаник Караско, јавуваат повеќе шпански медиуми.
Холанѓанецот не се појавил денеска на тренингот на каталонскиот клуб, што е сфатено како официјална потврда на трансферот.. Депај беше поготвен да замине од Барселона уште минатото лето, но ги одби понудите од Њукасл и Галатасарај. Ова беше последна шанса за Барса да заработи нешто од Мемфис, со оглед што неговиот договор завршува на крајот од сезонава.
Се очекува Депај да добие далеку поголема минутажа со тимот на Диего Симеоне, особеношто има „празнина“ во тимот по заминувањето на Жоао Феликс на позајмица во Челси.