Дербито Пелистер – Вардар со хуманитарна димензија.

Натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар кој ќе се одржи веднаш по репрезентативната пауза, ќе биде со хуманитарна цел. Од клубот во Битола објавија дека сите приходи од продажбата на билетите ќе бидат донирани за настраданите во несреќата во Кочани. Според соопштението на ФК Пелистер, средствата од билетите за дуелот против Вардар, кој е дел од 25. коло, ќе одат за поддршка на семејствата на жртвите од трагичниот настан во дискотеката во Кочани. Апелираме до нашите фанови, поддржувачи и сите љубители на фудбалот да се приклучат на оваа хуманитарна иницијатива. Цената на билетите ќе биде 200 денари.
The post Дербито Пелистер – Вардар со хуманитарна димензија. appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: