Дерматолог покажува зошто никогаш не би требало да ја отстранувате шминката со влажно марамче

Ако се мачите со проблематична кожа, веројатно барате добар начин како да ја чистите особено ако често користите течна пудра и шминка.
Еден дерматолог објавил видео по кое никогаш повеќе нема да користите марамчиња за отстранување на шминката. Д-р Тиџион Ешо, кој има 2 дерматолошки клиники во Британија и една во Дубаи, споделил видео кое ги згрози жените.


Тој нанел течна пудра на мандарина, а потоа ја „исчистил“ со влажно марамче. Кората на мандарината останала практично прекриена со пудра, која навлегла длабоко во минијатурните отвори на кората, токму како што останува во вашите пори.
„Еве зошто постојано им зборувам на пациентите да не користат влажни марамчиња. Мијте го лицето со средство за чистење лице или користете мицеларна вода, во траење од најмалку 60 секунди“, напишал д-р Ешо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.