Тринаесет Авганистанци, повеќето цивил од кои жени и деца се убиени во воздушен напад на Меѓународните сили за помош за безбедност (ИСАФ) во Авганистан во источната покраина Кунар, јавува авганистанската агенција Pajhwok повикувајќи се на високи воени извори, што би можело да ги зголеми тензиите меѓу владата на претседателот Хамид Карзаи и силите на НАТО.Пет деца. четири жени и еден маж, како и тројца бунтовнички команданти се убиени во текот на ноќта кој средата во напад врз скривалиште на бунтовници во областа Шегал, изјавил за Pajhwok Afghan News, гувернерот на провинцијата Кунар Сајед Фазлула Вахиди.Додал дека воздушниот напад бил спроведен за време на заедничка операција на авганистанските и силите на НАТО во селото Чоган, кога талибанските команданти биле вклучени во нападите врз авганистанските и странските војници.„Странските сили ги изведоа напад а не нé информираа“, го цитира Reuters гувернерот Вахиди кој додал дека покрај трите команданти бил убиен уште еден талибан, а пет цивил биле ранети.Командата на ИСАФ го потврди нападот во провинцијата Кунар, но портпаролот не можел да потврди дека имало цивилни жртви.„Информациите за цивилни жртви ги земаме сериозно и во моментот ги проверуваме сите околности на нападот“, изјавил за Reuters, портпаролот на ИСАФ, мајорот Адам Војцак.Шефот на советот на провинцијата Кунар, Хаџи Миа Хасан Адил, го осуди за авганистанската агенција нападот противејќи се на ваквите операции со кои се предизвикуваат цивилни жртви, нагласувајќи дека таквите акции дополнително ќе ја зголемат недовербата на населението кон авганистанската влада.Претставник на локалните власти кој сакал да остане анонимен, рекол дека убиените талибански команданти се идентификувани како Шахпур, Рокети и Јасин, додавајќи дека Рокети бил познат пакистански бунтовник кој долго време престојувал во оваа област.Се огласи и портпаролот на талибанското движење Забиулах Муџахид кој потврдил дека тројца бунтовници се загинати во операцијата, потврдил дека има и девет цивилно жртви, но додал и дека се убиени и пет војници на комбинираните авганистанско-странски сили.
МакфаксТринаесет Авганистанци, повеќето цивил од кои жени и деца се убиени во воздушен напад на Меѓународните сили за помош з