Десетици илјади Бугари протестираа во неделата низ целата земја против сиромаштијата и корупцијата, и побараа надзор на цивилното општество врз институциите.Повеќе од десет илјади демонстранти, според процените на новинарите, минале во поворка низ главниот град Софија, носејќи национални знамиња скандирајќи „Мафија“, „Партии, заминувајте“, „Нѐ има многу, силни сме“. Нема полициски извештаи за бројот на демонстрантите.Демонстрантите во Бугарија носеле транспарентни со натписи „Единствено против грабежот“ и “Стоп за мафијата“.Претседателот Росе Плевнелиев, кој искочи пред демонстрантите, беше дочекан со свирежи додека им се заблагодаруваше на „активниот цивилен став“.Плевнелиев ги повика претставниците на демонстрантите, синдикатите и работодавачите на „расправа за важните проблеми кој стојат пред земјата“ веќе следната седница, кои би се одржале во кабинетот на претседателот на државата.Бугарското Народно собрание во четвртокот ја прифати оставката на владата на премиерот Бојко Борисов од владејачката ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија), откако владата во средата под притисок на протестите се реши на овој чекор. Претседателот Плевнелиев сега мора да формира експертски технички владин кабинет кој ќе биде задолжен за организација и спроведување на предвремените парламентарни избори пролетва.
МакфаксДесетици илјади Бугари протестираа во неделата низ целата земја против сиромаштијата и корупцијата, и побараа на