Десеткувана ГОБ 8 Септември, 15 здравствени работници се заразени со КОРОНА ВИРУСОТ

Десеткувана ГОБ 8 Септември, 15 здравствени работници се заразени со КОРОНА ВИРУСОТ

Вкупно 15 вработени од болницата се со потврден позитивен тест на корона вирусот. Од заразените двајца се доктори, додека останатите се медицински сестри болничари и помошен персонал.

На болничко лекување се задржани 3 од овие случаи.

Од болницата информираат дека персоналот е заморен и истоштен. Засега немало опасност од затворање на оддели, но ако наиде поголем бран, веројтно е дека болницата ќе се соочи со недостиг на персонал.

Во моментов 42 пациенти се лекуваат во болницата. И само во последните 24 часа се примени нови 10 пациенти кои морале да бидат задржани на лекување, како посериозни случаи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.