Десет знаци дека мажот што ви се допаѓа ве гледа само како пријателка

Еден од најчестите сомнежи кај жените е токму прашањето дали му се допаѓаат на некој маж или не. За жал, нивните проценки знаат да бидат погрешни, а мажите не се секогаш од голема помош. Ова се некои од знаците дека ве смета само за пријателка…
1. Секогаш се јавувате први и ги иницирате средбите.
2. Кога тој нешто ќе иницира, секогаш носи уште некој со себе.
3. Ви се обраќа со „брат“ или слично и ви дава до знаење дека сте другари.


4. Пред вас зборува за жените кои му се допаѓаат.
5. Се обидува да ви „мести“ некој од неговите другари.
6. Кога сте сами, никогаш не се обидува ни да ве допре.
7. Отворено ви дава до знаење дека не сте негов тип.
8. Ви кажува работи за коишто никогаш не би зборувал пред својата девојка.
9. Ви раскажува за неговата бивша која сè уште не ја преболел.
10. Ве испрашува кога ќе си најдете дечко.
Неретко се случува жените погрешно да ги сфатат овие знаци и да помислат дека му се допаѓаат на мажот кој ги интересира, меѓутоа нема никаква надеж доколку дечкото се однесува на ваков начин. Вие сте само пријатели!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.