Десет ипол месечно бебе почина од компликации од морбили

Денес д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје информираше дека во текот на вчерашниот ден десет ипол месечното бебе кое повеќе од две седмици било на интензивна нега починало како последица од компликации од морбили.
Претходно кај бебето не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано. Но како што наведе д-р Микиќ тоа имало тешка пневмонија и мозочно крварење. Ова е четврти смртен случај до сега, како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.