Ураганот Кирк погоди делови од јужна Европа, првенствено Франција, Шпанија и Португалија. Едно лице загина, а едно е во критична состојба, кога ураганскиот ветер превртел чамец недалеку од пристаништето Сете, на југот на Франција. Повеќе од 65.000 домаќинства останаа без струја.
Ex hurricane Kirk still making an impact. This is Unverre in the Eure-et-Loir department in northern France tonight…🌊pic.twitter.com/jC48cerykT— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) October 10, 2024
Според потполковникот Фредерик Харо, портпарол на Цивилната безбедност, ситуацијата се стабилизира, но операциите за спасување и пумпање вода продолжуваат.– И покрај сè, сепак имаме реки што се излеаја, што создава постојан ризик – додава тој.Трите најзагрозени области се Атлантските Пиринеи, каде 16.000 домаќинства се без струја, Ду, каде 9.500 домаќинства останaa без струја и Јура, 4.900.
L’arrivée de la Tempête Kirk sur la Côte Basque ! #Kirk #tempetekirk pic.twitter.com/M0GKspESGG— Marco Urrutia (@MU_RU1) October 9, 2024
Железничкиот сообраќај денеска е во прекин на неколку локални линии во пет региони поради поплави и соборени дрвја од ураганот Кирк.
STORM KIRK HITS WESTERN EUROPE!1 dead, 1 injured in #France 64,000 without power in south France300,000 power cuts in #Portugal Trees uprooted, roads blocked in #Spain France on high alert for flooding & strong winds#stormkirk #EuropeNews #WeatherAlert #HurricaneKirk pic.twitter.com/q6h2RB1z5i— Smriti Sharma (@SmritiSharma_) October 9, 2024
Главниот град Париз исто така беше погоден од обилни дождови. Како што пишува BFMTV, тоа биле најобилните есенски врнежи во градот на светлината од 1920 година. Францускиот весник „Фигаро“ објави дека синоќа имало голема штета во просториите на Националното собрание.Во просторот каде што се наоѓаат канцелариите на пратеникот, вода навлегла во дел од просториите, особено во подрумот.