Во водите на Охридското езеро помеѓу с.Подмоље, охридско, и место викано „Оровничка плажа“, вчера околу 10 часот на неколку метри од брегот, било забележано тело на непознато лице.
Телото било извадено од водите на езерото, бил извршен увид и било утврдено дека се работи за Б.Ј. (54) од село Куратица, охридско.
По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.