вторник, 24 ноември 2026
Најново

Детали за грабежот на НЛБ Банка во Сарај

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Експозитурата на НЛБ Банка во скопски Сарај ја ограбиле четири лица вооружени со автоматски пушки и со црни фантомки на глава. Заканувајќи им се со оружјето од вработените побарале да го отворат сефот и откако ги земале парите заминале. Експозитурата е сместена во ТЦ Сарај, а грабежот се случил нешто пред 11 часот. Разбојниците влегле преку главниот влез на трговскиот центар во време кога во него има голема раздвиженост, а избегале со џип “Хјундаи Санта Фе“ со странски регистарски таблички и избегале во правец кон селото Сарај. Од банката потврдија дека се украдени околу 115 илјади евра и дека нема повредени.
Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Во грабежот се украдени околу 115 илјади евра, а со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот, НЛБ Банка е во интензивна соработка со надлежните органи.

 

Поврзани вести