ДЕТАЛИ ЗА КРВАВАТА ДРАМА ВО ИДРИЗОВО: Затворски полицаец заврши во Градска болница

Осудено 26-годишно лице денеска физички и со остар предмет нападнал дежурен полицаец во Затворот Идризово.

-На 23.12.2022 околу 09.00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденото лице М.М.(26) од Тетово физички и со остар предмет нападнал затворски полицаец, кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.