Детали за најмладиот починат пациент во текот на вчерашниот ден

Министерството за здравство соопшти повеќе детали за најмладиот пациент, меѓу починатите во текот на вчерашниот ден.
Станува збор за момче на 33-годишна возраст кео бил со прекумерна телесна тежина и со тешка билатерална пневмонија.
Пациентот бил хоспитализиран на почетокот на месецов во градската општа болница ,,8 септември“со ниска сатурација и бил подложен на неинвазивна механичка вентилација.
Пациентот покрај своја терапија, примил и конвалесцентна плазма и озон, но за жал безуспешно, по што синоќа починал, велат од ресорното министерство.
Во изминатите 24 часа во болнички услови починати се 29 лица, дванаесет пациенти од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64г.), два пациенти од Куманово (63 и 82г.), три пациенти од Прилеп (76, 67 и 87г.), двајца од Тетово (65 и 72г.), пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80г.), два пациенти од Битола (64 и 65г.), двајца од Гостивар (63 и 74г.), пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73г.).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.