Детали за пожарот во кој изгоре ресторан во Дебар маало

Ресторан на улицата „Дане Крапчев“ бр. 1 во скопската населба Дебар Маало ноќеска околу три часот изгоре во пожар. Опожарени се 250 квадратни метри површина.
Пожарникарите интервенирале со 18 пожарникари и осум возила, а интервенцијата траела до 04:55 часот.
Во пожарот, според Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, биле запалени и патнички возила.


Припадници на АРМ први пристигнале на местото на пожарот што избувна ноќеска во Дебар Маало и со нивна помош биле евакуирани шест лица кои барале помош.
Од АРМ за МИА информираат дека пожарот бил забележан во 02:50 часот од страна на професионален војник кој бил дежурен на пријавницата на ГШ на АРМ и кој видел дека на вториот кат од објектот има луѓе кои бараат помош. Веднаш била известена противпожарната служба, брзата помош и МВР, а 10 припадници на Армијата со скала се упатиле кон опожареното место и до 03:05 часот евакуирале дедо, баба, син, снаа и две малолетни деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.