Пожарот кој избувна на Водно наскоро ќе биде целосно изгаснет, вели командирот на скопската противпожарна бригада, Владимир Симоновски.
На терен интервенираат со три против пожарни возила и активно работат на целосно гаснење на пожарот и да не се дозволи негово проширување.
Локациски, пожарот е под местото „Марково крувче“, односно како што објасни Симоновски во долот под новиот пат за Сончев Град, Сопиште. Симоновски вели дека теренот е делумно пристапен со возило, а потоа продолжуваат пешки.
М-р Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи истакна дека според последните информации со кои располага ЦУК, пожарот е локализиран и се работи на негово догаснување.