Детали од записникот на Боки 13: Поради страв за мојот живот инсистирам строго доверливите информации да му ги кажам само на Јовески

Бојан Јовановски, кој пред неколку дена беше осуден на 9 години затвор, како обвинет во случајот „Рекет“, поднел барање до Кривичниот суд, на 25 јуни да му дозволат да оди до Основното јавно обвинителство Скопје за да поднесе кривични пријави на записник.
Боки 13 во неколку наврати бараше средба со републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, но средбата не се реализираше.


Адвокатот на Боки 13, Сашко Дукоски, вели дека и тој бил на средбата, и точно е дека Јовановски одбивал да зборува, бидејќи наместо Јовески, дошла обвинителката Гордана Смаќоска, на која шефица и е Вилма Русковска, па поради тоа, како што вели, Боки немал доверба ниту во една од нив.
-Прво би сакал да изјавам пред вас дека сум затечен за оваа за мене новонастаната изненадувачка состојба поради што не бев информиран, ниту пак имав благовремено добиено сознание преку мојот бранител, ниту пак од судот, дека на овој начин и во овој термин ќе треба да ги изнесам сите мои аргументи и строго доверливи информации за повеќе лица во врска со кривичните пријави кои имам намера да ги поднесам, истакнал Јовановски, кој додава дека барал средба исклучиво со републичкиот обвинител Јовески, а поради довреливите информации кои ги поседувал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.