Дете викнало полиција бидејќи не му се допаѓале подароците од Дедо Мраз, реакцијата на полицајците е за секоја пофалба

Незадоволен од подароците кои ги добил за Божиќ, 9-годишно дете од Германија се јавил на бројот за итни случаеви на полиција која одма тргнала во акција и го решила проблемот.
Детето се јавило во полиција и се пожалило, по што полицијата тргнала да интервенира. Тој на полицијата и објаснил дека воопшто не ги добил подароците кои ги напишал на својата листа со желби.
Полицајците пристигнале и го пронашле детето кое било многу луто- рекол ПР на полицијата. Бидејки имале мирен ден, полицајците решиле да си поиграат со детето. Тие ја проучиле неговата листа со желби за подароци и ја споредиле со оние кои ги добил, но и посредувале помеѓу него и неговите родители. На крајот го увериле дека Дедо Мраз сигурно ги помешал со подароците на некое друго дете.
Полицијата не сакала да открие што имало на листата со желби на детето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.