Малолетно момче било ограбено вчера во скопската општина Карпош од напаѓач кој бил вооружен со нож, соопшти МВР.
„На 16.04.2025 во 16 часот во СВР Скопје, А.К.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со остар предмет одзело пари од неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.