Дете пишува домашна работа под бандера: Ова е приказната која расплака милиони луѓе

Милиони луѓе беа трогнати од приказната на 12-годишното момче од Перу кое пишува домашна работа среде ноќ по бандера, зашто родителите немаат пари за да платат струја.
Полицијата од местото Моче на безбедносните камери забележало момче кое во три часот ноќе на пустата улица чита и пишува под бандера. Но, кога зумирале, увиделе дека детето пишува домашна работа. Полицијата снимката ја сподели на социјалните мрежи, по што медиумите ја објавија приказната за малото момче.

Виктор Мартин ретко кога дома успевал да научи и да напише домашна работа, бидејќи морал да учи на свеќа. Родителите се толку сиромашни што немале пари за да платат за струја. Затоа, малиот Виктор решил да учи под светлоста на уличното осветление. Учел ноќе зашто по часовите морал да помага дома и да ги чува домашните животни.

Мајката Роса Ангуло Кордоба за медиумите изјавила дека Виктор секој ден ги пасе овците, а помага и во домашните работи, така што нема време за учење.
Откако милиони го погледнаа видеото на социјалните мрежи репортажата за момчето, градоначалникот на местото Моче вети дека ќе ги плати сметките за струја на семејството на Виктор, кој и покрај тешкиот живот има одлични оценки на училиште.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.