Шестгодишно девојче беше спасено од остатоците на авионот кој вчера се урна во Германија, немаше спас за нејзиниот татко. Според медиумски извештаи, пилот од Келн, кој управувал со мал авион, загинал на самото место откако леталото се урнало во близина на Санкт Аугустин од засега непознати причини. Девојчето, кое претрпело сериозни повреди, било пренесено во болница и моментално е во стабилна состојба. Пожарникарите соопштија дека авионот се урнал на поле кратко по полетувањето во петокот по пладне и потоа се запалил. Лице кое се обидело да помогне на местото на несреќата исто така претрпело повреди. Очевидци изјавуваат дека при нивното пристигање, авионот бил целосно обвиен во пламен. Според извештаите, леталото го започнало својот лет од аеродромот Хангелар во близина на Бон непосредно пред уривањето. На местото на несреќата брзо реагирале бројни екипи на противпожарна служба, три спасувачки хеликоптери и повеќе брзи медицински екипи.
The post Дете (6) спасено од пожарот. appeared first on 365.mk.