Детската болница во Козле од денеска ќе прима и пациенти заразени со вирусот ковид-19.
Како што соопшти вчера Министерството за здравство, ќе има 60 легла за возрасни пациенти и 15 за деца сомнителни или заразени со вирусот. Во моментов таму има 3 деца за кои се чекаат резултати.
Предвидено е да се хоспитализираат пациенти со полесна и средна клиничка слика.
Како ковид-центри во Скопје функционираат и Инфективната клиника и градската болница „8-ми септември“, а сомнителни и заболени пациенти со коронавирус се лекуваат и во болниците во Куманово, Тетово, Штип, Велес, Прилеп, Битола и Охрид.
Според вчерашните информации од Министерството за здравство, во болниците во земјава се сместени 364 пациенти со ковид-19.