ДЕЦАТА ОВОЈ ВИКЕНД ИМААТ ПРИЧИНА ЗА РАДОСТ- еве што најавува УХМР за во сабота и недела

За време на викендот под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег.
УХМР најавува дека повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од јужен правец.


Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка.
Од УХМР најавуваат и снег на некои пониски делови од земјава особено што ќе ги израдува децата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.