Децата се под стрес поради родителите, а не поради училиштето

Родителите кои ги сфаќаат децата и нивното школување како личен проект веројатно ќе бидат анксиозни затоа што ги очекуваат разговори за домашни задачи, учење, одговорност, резултати.
Словенечкиот клинички психолог Александер Задел истакнува два екстреми во родителството: родители со очекувања кои се многу амбициозни и претерано заштитнички настроени родители кои долгорочно претставуваат најголема опасност за децат затоа што не им дозволуваат да научат да го живеат животот и да се справуваат со тешки ситуации.
Задел, кој е и директор на институтот за личен развој Korpus anima ratio, рекол по повод почетокот на новата учебна година дека драматично поголеми паничари се родителите, додека децата се издрживи и главно го прифаќаат училиштето како факт, пренесува мариборскиот весник “Вечер“.
Според неговите зборови, родителите кои ги сфаќаат децата и нивното школување како личен проект веројатно ќе бидат анксиозни затоа што ги очекуваат разговори за домашни задачи, учење, одговорност, резултати.
“Денеска луѓето се многу повеќе вештачки поврзани отколку некогаш. Под тоа мислам на поврзаност на социјалните мрежи, а не на лична поврзаност. Таму се формраат некои општи ставови, уверувања и очекувања за тоа како училиштето, наставниците и децата би требало да изгледаат. На овој начин се губи односот кон индивидуалноста на самото дете, како и кон наставниците и училиштето“, рекол тој.
Според него, денеска се води малку сметка за потенцијалот на детето, затоа што владее мислење дека сме сите способни да постигнеме било што ако тоа доволно го сакаме и ако дадеме се од себе.
“Тоа се огромни глупости“, рекол тој и додал дека притисоците на детето во смисол дека на неговиот живот ќе има влијание ако нема најдобра оценка или ако не е најдобро, порано или подоцна ќе се манифестираат на детето.
“Затоа се под голем стрес, а не затоа што училиштето премногу ги оптоварува“, рекол Задел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.