недела, 29 ноември 2026
Најново

Децата со температура од денеска да се носат во болницата „Козле“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Почнувајќи од денеска сите родители и матични лекари кои ќе имаат итна потреба децата со температура да ги донесат во болница, тоа да го сторат во Институтот за белодробни заболувања „Козле“, наместо во Клиниката за детски болести.
Исто така, ако има деца кои живеат во регионот кој сега е ставен под режим за движење (дебарско), за преглед да се упатуваат кон Институтот, со претходна најава.


Ова е одлука на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче, со цел да се заштитат децата кои се хоспитализирани на Клиниката за детски болести.
Институтот Козле има капацитет да ги згрижи децата со температура, суспектни на коронавирус и децата кои доаѓаат дебарскиот регион.
Хоспитализираните пациенти кои сега се во Козле во текот на вчерашниот и денешниот се префрлуваат на лекување на Клиниката за детски болести.

Поврзани вести