Навиките се многу важна работа и тие кажуваат многу за вас. Сте се запрашале ли што кажуваат навиките на вашиот сакан? Денес ви даваме објаснување за некои од најчестите машки навики.
Не го спушта капакот од тоалетната школка
Ако повеќе пати сте го замолиле да го спушта капакот од тоалетната школка, а тој упорно ве игнорира, тогаш очигледно се работи за маж кој повеќе сака да биде во право отколку среќен. Кавгите околу тој проблем може да укажуваат на поголеми проблеми во врската.
Грицкање нокти
Ова однесување укажува на несигурност, нервоза, стес и неможност за изразување на сопственото мислење. Иако тоа е една нехигиенска навика, овде е многу важно да се обрне внимание на психолошката страна и на емотивните проблеми.
Премногу пцуе
Мажите кои имаат вокабулар полн со пцости не ја разбираат силата на изговорените зборови, па понекогаш можат да бидат навредливи и остри кон другите, а да не се ни свесни за тоа.
Гласно џвакање
Мажите кои гласно јадат, на некое потсвесно ниво се обидуваат да привлечат туѓо внимание. За жал, не се свесни за тоа дека вниманието го бараат преку една навика која ужасно ги нервира другите.