“На локалните избори во Штип ќе ја браниме Македонија, македонскиот јазик и македонскиот идентитет!”
Исклучително добар мотивирачки повик за членството на ВМРО-ДПМНЕ, но на два дена пред истекот на рокот за доставување на кандидатурата, ни трага ни глас од тоа – вие чекајте нé, ние нема да дојдеме!
Во состојба на “распад” на градот Штип во рамки на здравствени, комунални, сообраќајни и кои уште не јавни сервиси и инфраструктура, во моменти на “распад” на државната политика и “удирање по глава” на сите “меѓународни екскурзии”, ВМРО-ДПМНЕ се откажа од можноста во изборна кампања уште еднаш да ги потсети граѓаните за погрешниот правец на сегашната власт. Вака, однапред ги подаруваме изборите и изгубивме со “службен резултат”.
Во јавноста се експлоатират повеќе аргументирања зошто тоа е така:
- Ковид 19 и опасноста од одржување на изборите
Вирусот ќе постои и оваа зима, и следната пролет, и следната зима…првиот бран помина, сега сме во вториот, за кој многумина не веруваа дека ќе дојде, но сепак ќе има и трет бран, веројатно и четврт…тоа е реалноста во која живееме.
Многу луѓе, додека купуваат од маркет леб и млеко, ќе бидат разочарани што ја немаат можноста за истото време да заокружат едно ливче на гласачкото место – една минута, толку трае и едното и другото, со истите здравствени мерки и протоколи.
САД само што завршија со претседателски избори…околу 330 милиони граѓани се.
- Немање на победнички кандидат
ВМРО-ДПМНЕ е најголемата партија која во своите редови има компетентни кадри, дури во последните недели се најавуваа и тандеми, кои неспорно ќе беа сериозни претенденти за штипското градоначалничко столче.
Дали тие луѓе сакале да се “потрошат” во одредена агенда и “зошто не” е посебно прашање.
- Страв од поразна вонредните локални избори (и консеквенци од истиот)
Ниту би бил првиот, ниту ќе биде последен.
Секој кандидат е свесен дека на избори е можно и да загуби. Тој кандидат, без разлика дали победил или не, во кој се идентификувам и самиот себе, може да ја добие мојата и нашата поддршка, со најголема почит, бидејќи го ставил својот авторитет и кредибилитет на располагање на својата партија, со ризикот кој е неминовен.
Стравот од пораз не е кај кандидатите, стравот од пораз е на друга локација – во централниот штаб, како континуитет на неколку претходни порази кои би значеле “прекин на сегашната позиција”.
- Одлука на неколку луѓе наспроти очекувањето на членството
Извршниот комитет е најблискиот тим на високото раководство кое ја потврдило одлуката да не се поднесува кандидатура,односно не се излага на избори, едно те исто, меѓутоа, контролниот механизам за “проверка” на мислењето или одлуката е верификација на седница на Централниот комитет. Непотребноста за ваква седница е еднострано толкување по потреба, во смисол – нема кандидатура, нема ниту седница.
Погрешно! Во случајов, не е предмет на расправа имање или не кандидат, туку предмет е “одлуката да не се поднесува предлог кандидат” за локални избори и неизлагање на истите.
Во иста насока, ако се одлучи на следните парламентарни избори да не се поднесува листи за пратеници, дали и тогаш ќе биде непотребно да се свика Централниот комитет?
Оттука, две прашања:
– Доколку претседателите на ОК-и како членови на Централниот комитет ги бира членството, колку тие би биле помоќни и колку гласот на Централниот комитет би бил тежок?
– Дали тогаш тие би чекале прес или би вртеле по социјалните мрежи да дознаат што ни е планот за избори?
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.