Дејан Јовановски: ЗОШТО ЧЛЕН – ГЛАС?

Кога станува збор за илјадници луѓе, како што е членството на ВМРО-ДПМНЕ,непосредно гласање е метод кој најреално би ја отсликал вољата на гласачите при изборот на носителите на партиски функции, нешто што најблиску можеме да го идентификуваме со начинот на избор на референдум, претседателски, парламентарни и локални избори на државно ниво. Секој со можноста да одлучува на “избирачка кутија”.

  1. Кој би гласал?

Целокупното членство.

Врз основа на партиската архива би се ажурирал конечен список на активните, неактивните, старите и новодојдените, односно ажурирање на членството во конечен список налик на избирачките списоци на Државната изборна комисија.

ПРВИОТ ДЕЛ НА ОВАА АНАЛИЗА:

Дејан Јовановски: ЧЛЕН = ГЛАС

Не се исклучува веројатноста дека одреден број на членови нема да бидат во можност, или пак поради различни околности нема да бидат запишани во ажурираниот список, па потребно е да се најде посебен механизам како алатка со која таквите би го оствариле своето партиско гласачко право,задржувајќи ја правичноста како основно начело.

  1. За кои позиции би се гласало?

Позициите кои би биле предмет на внатрепартиски избор се оние кои обединуваат одредена маса на луѓе која воедно сама по себе е целина, па оттука, дветенајсуштински гранкисе:

–  претседателите на ОК-и, коитреба да се мнозински дел од Централниот комитет, којпретставува верификатор на предлозите и одлуките на партиските органи и тела,

  • претседателот на партијата, како главен обединувач во партијата, главен двигател и креатор на партиската стратегија и политика.
  1. Зошто на “кутија” наспроти именување од “централа”?

Изборот од страна на членството дава легитимитет.

Со непосредно гласање се избира личност која има најголем кредибилитет и за која се верува дека е најкомпетентна за извршување на правата и обврските кои се суштински во соодветниот делокруг и надлежност, истовремено потврдувајќи мнозинска поддршка на неспорен, правичен, слободен и демократски изборен процес.

Избраниот носител на функција кој мандатот го добива од членството добива поголема независност и самостојност во своето делување во централните органи, претставувајќи контролен механизам во Централниот комитет како “коректор во име на членството” во делот на носење одлуки на односните седници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.