Дејвид Бекам се пофали со своето ново хоби, фановите: „Дури и твоите кокошки изгледаат добро“

Дејвид Бекам се пофали со своето ново хоби на Инстаграм и ги насмеа обожавателите. Поранешниот фудбалер поставил кокошарник на својот имот вреден 7 милиони евра, каде живее со сопругата Викторија.„Добро утро“, напиша тој заедно со видеото на кое се гледа како шета низ градината со кокошки и петел што го следат зад себе, што ги насмеа фановите.  View this post on Instagram A post shared by David Beckham (@davidbeckham)Видеото собра дури 3,1 милион лајкови и бројни коментари. „Дури и твоите кокошки изгледаат добро“, напишал еден фан, а многу фанови се согласија. Инаку, Дејвид и Викторија почнаа да се занимаваат со органско земјоделство за време на пандемијата, а освен кокошки имаат и овци и произведуваат мед. 

Пронајдете не на следниве мрежи: