Де Геа: Среќен сум во Манчестер Јунајтед

Еден од најдобрите играчи на Манчестер Јунајтед во првиот двобој од осмина финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, голманот Давид Де Геа, ги отфрли тврдењата дека наскоро би можел да го напушти Олд Трафорд.„Среќен сум во Јунајтед, секој ден сум сè позадоволен“, изјави Де Геа кој беше еден од ’главните виновници’ што Реал Мадрид не победи на Сантијаго Бернабеу.„Беше тоа одличен меч. Двете екипи одиграа добро. Верувам дека имаме доволно квалитет да избориме продолжување на натпреварувањето. Нема да биде лесно, но ќе сториме сè да ги запреме“, порача младиот Шпанец по мечот што заврши со резултат 1:1.Британските медиуми неодамна објавија дека менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон не е задоволен од настапите на младиот Шпанец и дека бара поискусен голман. Де Геа стигна на Олд Трафорд во јуни 2011 година од Атлетико Мадрид за 20 милиони евра.
МакфаксЕден од најдобрите играчи на Манчестер Јунајтед во првиот двобој од осмина финалето на Лигата на шампионите прот

Пронајдете не на следниве мрежи: