Де Кро од Тирана: Мораме да зборуваме за напредок, не само за тоа што треба да се направи

– Мораме да зборуваме за напредок, не само за тоа што треба да се направи, а финансиската посветеност на ЕУ во регионот е нешто очигледно, изјави премиерот на Белгија, Александар де Кро, во Тирана при пристигнувањето да учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан.

 -Има напредок во амбициите. Има извонредна работа. Ваквите моменти треба да покажат дека има напредок во овие земји. Треба да зборуваме за напредок, а не само за она што треба да се направи. Дозволете ми да ви кажам дека има многу усогласување меѓу земјите на ЕУ. Видовме колку е важно. Во Белгија имавме некои дискусии. Во однос на миграцијата, потребен е постојан дијалог, рече тој. 

Додаде дека „Русија се обидува да влијае не само на регионот, туку и на ЕУ“.  

-Нашиот единствен одговор може да биде дека нашиот сојуз е посилен од било кога. Има видлив напредок и има одговор од ЕУ и за ова, посочи белгискиот премиер Александар де Кро. 


Пронајдете не на следниве мрежи: