Две кражби со закана со нож за еден час се случија вечерва во Скопје. Од МВР за Инфомакс ги потврдија двата настани.
– Денеска (14.09.) во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница во Скопје, едно лице со закана со остар предмет од вработениот одзело пари. Се работи на расчистување на случајот.
Денеска (14.09) во 18.50 часот било пријавено дека во аптека на територија на општина Аеродром, едно лице со закана со остар предмет, од вработената одзел пари. Се работи на расчистување на случајот. – соопштија од МВР.