Диетата на Анџелина Џоли со години е главна тема: Преживува само со семиња и бомбони?

Тежината на Анџелина Џоли со години ги загрижува нејзините обожаватели. Актерката, која е висока 170 сантиметри, наводно пред една година паднала на само 40 килограми.
Таа тврдеше дека тоа е поради стресот после загубата на нејзината мајка, актерката Маршелин Бертранд, но и поради разводот од Бред Пит.
Магазинот „Marie Claire“ пишувал пак за нејзината диета, поради која наводно загубила повеќе од 15 килограми.


Таа диета се базирала на неколку плодови и семиња. Како што наведува списанието, самата Анџелина се пофалила дека мешавината на киноа, чија семињата, пире и леќа ѝ помагаат во одржување на фигурата и здравјето и дека навистина сака да ги јаде.
„Анџелина отсекогаш обожува семиња и житарици, но сега сè подигна на едно ново ниво“, изјави еден извор за „National Enquirer“ пред неколку години, додавајќи дека актерката се фалела дека поради житариците и кожата ѝ е посјајна.
Наводно во тоа време преку целиот ден внесувала само 600 калории.
„Денот го започнуваше со една лажица кокосово масло и една рака семиња“, тврди изворот.
„Некогаш го прескокнуваше ручекот или само ќе изедеше една рака бадеми или гумени бомбони. Повеќе сакаше протеински шејкови од традиционален ручек. За вечера најчесто одбираше немасен стек и чаша црно вино“, додал тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.