Диета за невести – 6-дневно мени со кое ќе бидете во форма до свадба

Идните невести на кои им се ближи свадбата веројатно веќе паничат за изгледот и сакаат да симнат уште некој килограм.
Нормално, секоја жена сака да изгледа совршено како невеста, па пред свадба сака да се доведе до идеална форма.
За таа цел, потребно е да се водите по одреден (строг) режим на исхрана, да си скратите од некои задоволства и да се фокусирате на прочистување.
Ако не сакате да бидете подуени, да се чувствувате непријатно и наместо тоа сакате да чекорите самоуверено во венчаницата, следниов план за исхрана ќе ви биде од корист.
Како да ја постигнете посакуваната форма ако денот за свадбата се наближува?


Ден 1
Прв појадок: 2 јаболка, 1 портокал, 1 шолја зелен чај без шеќер
Втор појадок: (2-3 часа по првиот појадок) 1 јаболко, 1 чаша негазирана, минерална вода
Ручек: 2 чаши чиста вода, 2 портокали, 100g пилешко на скара со зелена салата
Вечера: 1 чаша чиста вода, пола портокал, пола јаболко, 1 варено јајце + 100g салата од зелка
Ден 2


Прв појадок: 2 портокали, 1 шолја зелен чај без шеќер
Втор појадок: (2-3 часа по првиот појадок) 2 јаболка, 1 чаша чиста вода
Ручек: 2 шолји минерална вода, 2 портокали, парче риба (околу 100g), лажица спанаќ или блитва
Вечера: 1 чаша чиста вода, 3 јаболка
Ден 3


Прв појадок: 3 портокали, 1 шолја зелен чај без шеќер, 1 лажица мед
Втор појадок: (2-3 часа по првиот појадок) 1 јаболко, 1 шолја чиста вода
Ручек: 1 чаша чиста вода, 1 јаболко, 80g младо сирење, салата од цвекло (100g)
Вечера: 1 чаша чиста вода, 1 јаболка, 1 мандарина
Ден 4


Прв појадок: 1 јаболко, 1 портокал, 1 шолја зелен чај без шеќер
Втор појадок: (2-3 часа по првиот појадок) 2 јаболка, 1 шолја минерална вода
Ручек: 1 чаша чиста вода, 1 портокал, 2 парчиња интегрален леб со намаз од варени и пасирани моркови
Вечера: 1 чаша минрална вода, 1 јаболко, 1 портокал
Ден 5


Прв појадок: 2 јаболка, 1 портокал, 1 шолја зелен чај без шеќер
Втор појадок: (2-3 часа по првиот појадок) 1 портокал, 1 шолја минерална вода
Ручек: 1 чаша чиста вода, 3 јаболка
Вечера: 1 чаша минерална вода, 1 портокал, 1 шолја јогурт без масти
Ден 6

Прв појадок: 1 јаболко, 1 шолја зелен чај без шеќер, 1 лажица мед
Втор појадок: (2-3 часа по првиот појадок) 1 јаболка, 1 портокал, 1 чаша чиста вода
Ручек: 1 чаша чиста вода, 1 портокал, 100g бело пилешко месо со сезонска салата (без масло)
Вечера: 1 чаша минерална вода, 2 јаболка, 200g кисело млеко
Напомена:
За ручек и вечера, секогаш прво изедете го овошјето, а 15 минути подоцна останатата храна (пилешко, риба, јајце, јогурт, кисело млеко…)
Вода може да пиете и помеѓу оброците
Вечерајте најмалку 2 часа пред спиење
Кога можете, вклучете и физичка активност

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.