Диета за подобар секс

Кога ќе се спомене изразот романтична вечера, повеќето најчесто помислуваат на шише вино, стек и чоколаден десерт со свеќи и тивка музика. Но, ова мени е добро единствено за спиење – за продолжена романтичната вечера (секс) во никој случај. Ако сакате своето либидо да го одржите јако, јадете лесна храна, односно храна со низок процент на маснотии и холестерол.

Маснотијата бара подолго варење во организмот, особено навечер, па наместо крвта да отиде во репродуктивните органи, таа се задржува во дигестивниот тракт.

Познато е дека морските плодови се одлични за сексуални активности, а некои од нив се и докажани афродизијаци. Зачините како кари, ким и лутите пиперчиња на поттикнуваат циркулацијата. Важно: не прескокнувајте го појадокот! Еве неколку предлози:

ПОЈАДОК

Опција 1:
Јагоди со шеќер во прав
Свежо цеден сок од портокал
Омлет
Немасно млеко

Опција 2:
Грејпфрут и вишни
Чаден лосос на скара со немасно сирење, црвен кромид и салата.
Свежо кафе

Опција 3:
Палачинки
Свежо зрнесто шумско овошје
Сок од грејпфрут
Капучино

РУЧЕК

Опција 1:
Каша од јагоди
Сирење по желба со крекери од житарки
Салата од аспарагус зачинета со лимонов сок
Свежи круши

Опција 2:
Салата Ница (домат, краставица, грав, артичоки, зелена пиперка, кромид, босилек, лук варени јајца, инчуни, маслинки, капари, маслиново масло)
Препечено лепче со лук
Немасни чоколадни кекси

Опција 3:
Француска пица
Маслинки
Јаболки и лешници (ореви, бадеми)

ВЕЧЕРА

Опција 1:
Остриги
Мешана зелена салата
Крцкав црн леб
Обарени круши

Опција 2:
Пилешко со артичоки
Лебни стапчиња со пармезан
Зелена салата
Свежо зрнесто овошје натопено во чоколада

Опција 3:
Јастог
Салата од спанаќ
Печиво од цели житарки
Немасен чоколаден колач

Совет плус: Не претерувајте со алкохолот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.