Диета од 8 часа е вистински хит во светот

Она што најмногу ги привлече луѓето е фактот дека нивната диета од осум часа им дозволува да го јадат она што тие сакаат, но под услов тоа да го јадат од 9 до 17 часот. Цинченко и Мура тврдат дека најголемата закана за виткоста е прејадувањето по 17 часот, односно во вечерните часови кога повеќето луѓе лежат пред телевизорите и јадат.


“Нашите тела не можат да ја обработат храната која се јаде во подоцнежните часови од денот и тие калории завршуваат онаму каде што не треба – на задникот и стомакот”, пишуваат во својата книга.
Тие тврдат дека луѓето кои се придржуваат до нивната диета од осум часа неделно можат да изгубат тежина околу четири килограми за еден месец. Во време од 9 до 17 часот може да се јаде сè, но не подоцна од тоа. Дозволена е варијанта на диета 11-19 часот, но напоменуваат дека таа е поефективна кога е од 9 до 17 часот
Нивниот пристап кон исхраната и не е некоја сензационалн новост. Уште претходно нутриционистите веќе тврдеа дека е добро да не се јаде по 18 часот. Иако идејата на Цинченко и Мура има смисла, експертите објаснуваат дека не треба да се јаде баш се, и да се избегнува мрсна и брза храна, која не е добра за здравјето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.