Кога малку ќе се опуштиме и нема да повнимаваме на исхраната, веднаш забележуваме дека сме покачиле 2-3 килограми од нашата вообичаена тежина. Истите можеме многу брзо да ги растопиме, како никогаш да не биле.
Но, ако станува збор за подолг период и повеќе килограми, тогаш приказната се менува. Секој што држел диета, знае дека тоа воопшто не е лесно. Откажувањето од омилената храна секому паѓа тешко.
А да не заборавиме, тука е и психолошкиот момент кога држиме диета: доколку не сме посебно мотивираме, ние уште повеќе мислиме на храната и многу брзо се откажуваме од намерата.
Сепак, за среќа нутриционистите откриваат кои со намирници можеме да ги наполниме чиниите, да ги јадеме во големи количини, а сепак да слабееме. Имено, постојат намирници кои можеме да ги јадеме во големи количини, бидејќи не дебелеат.
Првите меѓу нив се белките од јајца. Секој пат кога ќе почувствувате глад, подгответе си бел омлет со овој дел од јајцето. На нелеплива тава ставете еден домат да се издинста и да омекне, додајте зачини по вкус, а потоа додајте ги и белките од јајце.
Ќе добиете многу вкусен оброк кој ќе ве засити, а истовремено со него ќе внесете и корисни градбени состојки. Список на намирници за полна чинија:
На списокот на храна со која можете да ја наполните чинијата до врвот, се наоѓаат краставицата и доматот, разни видови зелена салата, карфиол, брокула, лубеница, малини, боровинки, капини и пуканки без масло.
Всушност, оваа диета се базира на принципот на помал внес и поголема потрошувачка на калории. Ако изберете нискокалорична храна, тогаш, логично, можете да јадете повеќе, а сепак да го намалите внесот на калории и постепено да губите те-жина.
Еве како би можело да изгледа вашето мени за седум дена.
Понеделник. Појадок: омлет од белка од јајце со домат и зачини. Ужина: краставица или лубеница или боровинки. Ручек: боранија со бело пилешко, мало парче ‘ржан леб. Вечера: салата од рукола, домат и младо сирење
Вторник. Појадок: омлет од белка од јајце со спанаќ, шолја јогурт, интегрален леб. Ужина: малини. Ручек: грашок со пилешко месо. Вечера: сардини
Среда. Појадок: салата од краставица и чаша кисело млеко. Ужина: малини. Ручек: бифтек од говедско месо, две парчиња интегрален леб и салата од домати. Вечера: пуканки
Четврток. Појадок: пуканки без масло, зачинети по вкус. Ужина: лубеница. Ручек: рибино филе со салата од краставица, домат и рукола. Вечера: палента со младо сирење и семе од сусам
Петок. Појадок: две варени јајца, две парчиња интегрален леб и салата од краставица. Ужина: боровинки. Ручек: парче месо и крем супа од брокула, компири и карфиол. Вечера: мешавина од јачмен, ‘рж, овесни снегулки со чаша кисело млеко
Сабота. Појадок: кисело млеко со ситно сечкана краставица. Ужина: парче лубеница. Ручек: едно парче мисиркино месо приготвено без масло и варен морков. Вечера: исто како за појадокот