Начинот на исхрана во кој е застапен гравот е најдобар за постудениот дел од годината. Гравот е одличен за црниот дроб и жолчката и ја подобрува нивната функција. Покрај тоа ја спречува авитаминозата којашто е карактеристична за зимските денови и држењето диети.
Диета со грав што ќе ви помогне да ги намалите килограмите и да го подобрите здравјето
Гравот го зајакнува кардиоваскуларниот систем и ја подобрува состојбата на кожата. Се препорачува во текот на диетата гравот да биде главно јадење, а истовремено потребно е да го намалите консумирањето леб и слатка храна.
Гравот е богат со протеини, витамини Б, Ц и Е, како и со калциум, фосфор, бакар и цинк. Исто така има изобилство од аминокиселини.
Прв ден
Појадок: 50 грама тврдо сирење и парче интегрален леб.
Ужина: Шолја обезмастен јогурт.
Ручек: 100 грама младо сирење, салата од мешан зеленчук, лимонада или чај без шеќер.
Вечера: 200 грама сварен грав, 150 грама овошје по ваш избор.
Втор ден
Појадок: 100 грама младо сирење, кафе или чај.
Ужина: 100 грама какво било овошје.
Ручек: 100 грама варен грав, варен зеленчук по ваш избор или голема салата, 100 милилитри свеж сок од јаболка или чај без шеќер.
Вечера: Исто како и ручекот, плус 100 грама печена риба.
Трет ден
Појадок: Шолја обезмастен јогурт или кефир, парче интегрален леб и 50 грама тврдо сирење.
Ужина: Шолја кефир.
Ручек: 100 грама варен грав, варен зеленчук или голема салата, 100 милилитри свеж сок од јаболка или чај.
Вечера:Исто како и ручекот, плус 230 милилитри сок од домати.
Четврти ден
Појадок: 100 грама младо сирење, чај или кафе без шеќер.
Ужина: 100 грама какво било овошје.
Ручек: 100 грама варен грав, салата од морков и јаболка со една лажица мед.
Вечера: 100 грама печени пилешки гради, 50 грама варен ориз, чај или кафе без шеќер.
Петти ден
Појадок: 100 грама младо сирење или 100 милилитри јогурт, чај или кафе.
Ужина: Шолја обезмастен јогурт.
Ручек: 100 грама варен грав, варен зеленчук или голема салата, 100 милилитри свеж сок од јаболка или чај.
Вечера: Исто како и ручекот плус два варени или печени компири и 230 милилитри сок од домати.