Диета со пилешко, брза и ефикасна

Како што и самите можете да претпоставите основна состојка во пилешката диета е пилешкото месо. Диетата се држи 7 до 14 дена, а со неа ќе загубите 5 до 7 килограми. Предноста на оваа диета е и во тоа што е добар елиминатор на целулитот и масните наслаги околу стомакот.
Дозволени состојки кои треба да преовладуваат во дневното диетно мени се пилешко месо, пилешки колбаси, чиста пилешка салама, месо од мисирка, пилешки дропчиња, интегрален леб (по 1 тост дневно за појадок), марула, јајца, кромид, краставица, брокули, домат, диетен маргарин (1 кафена лажичка) и нискокалорично овошје.
Големата доза на протеини во оваа диета е гаранција дека нема да почувствувате глад.

Еве како треба да изгледа дневното мени.

Појадок – 1 парче интегрален леб намачкано со половина лажичка диетален маргарин.  2 варени јајца. 50 г пилешки колбаси/виршли. 1 чаша сок од цеден портокал или лимон (без додаток на шеќер). 1 филџан кафе без шеќер.

Ужина – 1 јаболко, портокал или киви.

Ручек – Половина печено (на грил) пиле (остранете ја кожата). Чинија салата од краставици и домати (половина главица кромид или млад кромид, по желба).

Пилето може да го прелиете со малку маслиново масло и сок од лимон.

Вечера – чинија пилешки дропчиња со салата од марула со ротквички и кромид, или 1 парче интегрален леб со половина лажичка маргарин и пилешка салама, плус 1 варено јајце.

Доколку почувствувате глад за меѓуоброк земете 1 јаболко, киви или портокал, или чинија бистра пилешка супа.

Предложеното дневно мени содржи околу 1.000 калории.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.